За две години ќе возиме по нов асфалт на патот Куманово- Страцин

19.02.2020 08:51 | KumanovoNews

Јавното претпријатие за државни патишта потпиша договорот за втората фаза од рехабилитацијата на магистралниот пат Куманово – Страцин.

За две години ќе возиме по нов асфалт на патот Куманово- Страцин

Станува збор за делница долга 16,6 километри, а за нејзина изградба издвоени се над 7,1 милиони евра, пренесува мета.мк.

Рехабилитацијата на коловозот на делницата од Куманово до Страцин е дел од неколкуте проекти, кои во моментов ги реализира ЈП за државни патишта во функција на модернизација на патното поврзување со Бугарија. На овој дел од Коридорот 8, пролетниве месеци треба да заврши обновата на постојниот пат меѓу Ранковце и Крива Паланка, во должина од 21 километар. Во наредниот период паралелно ќе се работи на делниците Куманово – Страцин и Крива Паланка – Деве Баир, со што меѓу Куманово и Деве Баир ќе може во целост да се вози по обновен пат веќе на почетокот од 2022 година.

Заедно со комплетната обнова на постојниот пат кон Бугарија, во моментов непречено тече и изградбата на експресниот пат Ранковце – Крива Паланка. Оваа патна делница од 25 километри се очекува да биде завршена во 2021 година, а се финансира преку кредит од Светската банка.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk