За една недела 12 заболени од грип во Куманово

07.11.2019 13:14 | KumanovoNews

Најголем број на заболени од грип изминатиот месец се регистрирани во Центарот за јавно здравје во (ЦЈЗ) Куманово.

За една недела 12 заболени од грип во Куманово

Од вкупно 29 во целата држава, 12 пациенти со симптоми на грип се јавиле во кумановските амбуланти.

Во оваа недела, пријавени се заболени лица од 9 извештајни единици. Најголем број на заболени се регистрирани во ЦЈЗ Куманово – 12 заболени лица, - соопштуваат надлежните.

Во досегашниот тек од сезоната, поголем број на заболени се регистрирани, освен во Куманово, и во Гостивар и Тетово.

Најдобра превенција од грипот е вакцинацијата, но вакцини во Македонија сè уште нема. Процедурата е заглавена во тендерска процедура, а вакцинацијата е одложена за еден месец. Наместо на 15 октомври, според прогнозите на надлежните, граѓаните од грип ќе може да се вакцинираат после 15 ноември.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk