За една недела 74 позитивни на ковид-19

02.02.2021 15:12 | KumanovoNews

Во Центарот за јавно здравје во Куманово во периодот од 25. до 31. јануари, регистрирани се 74 позитивни случаи на ковид-19, а во моментот има 343 активни случаи, соопштуваат од Општинскиот штаб за заштита и спасување, по денешниот состанок.

За една недела 74 позитивни на ковид-19

Кризниот штаб уште еднаш упати препораки до граѓаните да ги почитуваат мерките, пред се социјална дистанца од 2м, носење на заштитни маски и без групирање на отворено, како и во затворени простории.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk