За една недела казнети 335 возачи, 202 за брзо возење, 72 за алкохолизирана состојба

06.10.2023 12:43 | KumanovoNews

Вкупно 335 возачи се казнети за една недела при акциска контрола на полицијата на подрачјето на Куманово.

За една недела казнети 335 возачи, 202 за брзо возење, 72 за алкохолизирана состојба

„202 управувале возило со брзина поголема од пропишаната, 72 санкции за возачи кои управувале возило под дејство на алкохол, 49 за управување возило без возачка дозвола и 12 за нерегистрирано возило.
Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта“, соопшти МВР.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk