За една недела приведени 6 лица осомничени за кражби и фалсификување на банкноти

15.04.2022 12:35 | Сузана Николиќ

 Во текот на изминатата недела полицијата привела пет лица, кои се осомничени дека извршиле кражби и едно лице поради фалсификување на банкноти. 

За една недела приведени 6 лица осомничени за кражби и фалсификување на банкноти

„На подрачјето на СВР Куманово изминатава недела беа расчистени 5 кражби, од кои две извршени во деловни објекти, една во објект на јавно претпријатие и една во објект во изградба, како и кражба на платежна картичка од возило со која беше вршена трансакција, сторителот веднаш беше пронајден и платежната картичка и парите беа вратени на сопственичката.  Полициските службеници од Одделот за криминалистичка полиција од Куманово од слобода лишиле пет лица поради постоење основи на сомнение дека се извршители на делата.  Исто така, вчера беше приведено и лицето кое при размена на пари, на 21-годишен маж од кумановско село му дал фалсификувана банкнота од 500 евра. Секторот за внатрешни работи Куманово презема засилени мерки и активности за расчистување и на други кривични дела“, соопштува СВР Куманово.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk