За едно деноноќие 7 пожари во кумановско

12.03.2019 10:04 | KumanovoNews

Во изминатите 24 часа на територијата на општините Куманово и Липково,  Противпожарната единица итервенирала на гаснење на 7 пожари.  Главно се работи за пожари на отворено, на запалена сува трева, но имало и шумски пожар, запален контејнер и оџак.

За едно деноноќие 7 пожари во кумановско

Првата интервенција била во 7.30 часот, на опожарена борова шума во Бабин дол во атарот на с. Биљановце. Пожарот е локализиран во 9 часот, а причината за негово избувнување не е позната.

Во 08.50 часот екипите излегле на терен во атарот на с. Рнковце Општина Липково на опожарена сува трева и нискостеблест даб со површина од околу 50 хектари. Во гасењето на пожарот учествувала и екипа од ШС – Куманово. Пожарот е изгаснат во 12 часот.

Пожарникарите гаснеле запалена сува трева во близина на репетиторот- спроти Споменик Костурница околу 9 часот, околу 13 часот покрај автопатот Куманово -Скопје во атарот на с. Агино Село, во 14 часот во близина на асвалтната база во атарот на с. Романовце, околу 15 часот на ул.Благоја Думановски – нас. Банево трло на запалена сува трева и во с. Романовце е интервенирано на опожарена сува трева од 15 до 17 часот.

На ул. „Доне Божинов“ се запалил контејнер со смет околу 17 часот, а во близина на ресторанот -„Елегант“ во с. Опае се запалила сува трева околу 18 часот.

Последната интервенција била на запален оџак на ул. „Нада Михајлова“ од 18.25 до 19.40 часот.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk