Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
За кандидатурата на Максим Димитриевски за претседател на државата, досега во ДИК се потпишале 4.500 граѓаните на Куманово, од вкупно 10 илјади.
„Околу 4,5 илјади кумановци се потпишале на кандидатската листа на Максим Димитриевски за претседателските избори, а останатите гласови се собрани во другите градови. Граѓаните можат да го поддржат нашиот кандидат и понатаму, листата останува отворена во општинските канцеларии на ДИК. Вашата доверба, поддршка и решителност со која застанавте зад кандидатот за претседател на Македонија од редовите на Движење ЗНАМ – За наша Македонија, Максим Димитриевски, всушност не задолжува и мотивира да продолжиме понатаму со уште поголем интензитет“, кажа Стефан Петковски, портпарол на ЗНАМ Куманово.
Тој додаде дека ќе поднесат листи и за парламетарните избори во сите изборни едници во државата, а во моментот се работи на докомплетирање на кандидатите за листите.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk