За казна од паркинг се заканил дека ќе ги убие вработените

13.02.2013 12:57 | KumanovoNews

 О.Е.(27) од с.Романовце се заканил дека ќе ги убие вработените во ЈП „Куманово-паркинг„ и им го скршил ретровизорот на службеното возило, затоа што морал да плати казна за паркинг.

За казна од паркинг се заканил дека ќе ги убие вработените

Инцидентот се случил минатиот месец на ул. „Илинденска“, откако пријавениот го пречекорил времето за паркирање на неговото патничко возило „ауди“. Тогаш  вработените во ЈП„Куманово паркинг“ му поставиле блокатор на возилото. По кратко време пристигнал сопственикот на возилото и ја платил казната, но се изнервирал и им се заканил на четворицата вработени дека ќе посегне по нивните животи. На заминување скршил ретровизор од службено возило на ЈП „Куманово паркинг“.

О.А. ќе одговара а сторено кривично дело „загрозување на сигурноста“.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk