За Липково е приоритет асфалтирање на патот за Арачиново

01.04.2010 10:50 | KumanovoNews

 Општината Липково во наредниот период ќе работи на подобрување на патната инфраструктура кон соседните општини.

За Липково е приоритет асфалтирање на патот за Арачиново

Поправањето на стариот пат кон Скопје, преку селото Арачинов и изградбата на неколку патишта кон планинските села се само дел од проектите, кои локалната самоуправа со помош на финасиски сретства од државата, планира да ги  реализира.

Липково е рурална општина која има многу проблеми во инфраструктурата, и треба да ги решава во наредниот период. Наш приоритет е да се направи регионално поврзување на општините Липково и Арачиново со Скопје. Пaтот веќе постои и потребно е само да се реконструира и8 нема многу да чини- вели градоначалникот Садула Дураку.

 Во локалната самоуправа планираат со нов пат да ги поврзат Горната брана, Глажња и селото Гошинце. Во тек е изработка на физибилити студија за прочистување на фекалните води, за да се заштити животната средина каде постојат предуслови за развој на туризмот.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk