„За наше Куманово“ ќе учествува на следните парламентарни и претседателски избори

04.07.2023 10:52 | Сузана Николиќ

Како нов политички субјект ќе учествуваме на следните претседателски и парламентарни избори, без разлика дали ќе бидат редовни или предвремени, најави Максим Димитриевски во интервјуто за Дојче Веле.

„За наше Куманово“ ќе учествува на следните парламентарни и претседателски избори

Тој кажа дека веќе се формирани осум граѓански здруженија во државата по моделот на здружението „За наше Куманово“, а во следниот месец ќе бидат формирани уште неколку. 

„Ќе се позиционираме во политичкиот центар, со јасно нагласени државни, национални и патриотски визии, стратегија и политики со сериозни економски, образовни, здравствени проекти, како и проекти од други области кои ќе го подигнат стандардот и квалитет на живот на граѓаните. Предуслов за сето оваа е добро владеење, во чија основа е владеење на правото и правна држава“, вели Димитриевски.

Тој тврди дека во здружението се приклучуваат разочарани членови од двете најголеми партии, но и од помалите, и тоа без разлика на нивната верска и етничка припадност, како и граѓани кои досега немале никаква политичка активност, неопределени и голем број граѓани што не гласале никогаш досега.

„ Тоа ми дава за право да верувам дека ќе бидеме политичка сила која ќе биде важен фактор за формирањето на новата влада“, истакна Димитриевски.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk