Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Граѓанската иницијатива „За наше Куманово“ вечер ќе одржи предизборна конвенција на која ќе ги претстави кандидатот за градоначалник и листата на советници. Конвенцијата ќе одржи на Градскиот плоштад со почеток во 19.30 часот.
Независниот кандидат за градоначалник Максим Димитриевски се заблагодари за досегашната поддршка, најави дека ќе води позитивна кампања и ги повика граѓаните да дојдат и да слушнат неговата програма.
„Во следниот период ќе се посветиме на сите оние проекти коишто во иднина овој граѓански концепт сака да им го понуди на кумановци, да имаме поубав, позелен и поперспективен и проевроспски град. Место каде што ќе останеме да живееме. Воедно сакам да ве поканам во мое име и во име на кандидатите за советници денеска да дојдете на нашата предизборна конвенција на Градскиот плоштад во 19.30 часот и заедно да отпочнеме еден нов процес за напредок, просперитет и прогрес на наше Куманово“, кажа Димитриевски.
На гласачкото ливче Максим Димитриевски е под реден број 80, додека советничката листа предводена од Ивана Ѓориевска е на 61 место.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk