„За наше Куманово“ за парламентарните избори ќе прерасне „За наша Македонија“, најави Димитриевски

08.08.2022 13:52 | Сузана Николиќ

Градоначалникот на Куманово Максим Димитриевски најави дека неговото граѓанско движењето „За наше Куманово“ за парламентарните избори ќе прерасне во „За наша Македонија“ и ќе направи пресврт на политичката сцена во државата. Тој откри дека експерти веќе работат на нивната политичка програма.  

„За наше Куманово“ за парламентарните избори ќе прерасне „За наша Македонија“, најави Димитриевски

„На следните парламентарни избори, без разлика дали ќе бидат утре или ќе бидат редовни, движењето „За наше Куманово“, коешто сигурно ќе добие ново име, веројатно ќе биде „За наша Македонија“ ќе направи пресврт на политичката сцена во државата. А, каква и колкава поддршка ќе добие тоа ќе зависи од граѓаните и дали ќе ги препознаат нашите политики и колку нашите политики ќе бидат искрени за нив. Ние имаме сериозна понуда, работиме со сериозни експерти и ќе излеземе пред граѓаните да ја бараме нивната поддршка“, кажа Димитриевски на ТВ21.

Пред еден месец „За наше Куманово“ беше и официјално регистрирано и промовирано, а за претседател е избран Даниел Стојчевски, директор на ЈП „Чистота и зеленило“.

Првата јавна активност на здружението беше одржување на протестот во Куманово против т.н. француски предлог - преговарачка рамка за пристапување на Македонија кон Европската Унија.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk