„За наше Куманово“ не ги поддржува измените на законите за матични книги и за родова еднаквост

28.06.2023 15:23 | Сузана Николиќ

Здружението „За наше Куманово“ е  против измените на Законот за матични книги и Законот за родова еднаквост, кои треба да се најдат во Собранието, одлучил извршниот одбор.

„За наше Куманово“ не ги поддржува измените на законите за матични книги и за родова еднаквост

„За наше Куманово“ делува и функционира во духот на традиционалните општествени норми со кои јасно е дефинирана половата/родовата припадност на луѓето од моментот на зачнувањети и раѓањето на половата единка се до нејзината смрт. Ги задржуваме традиционалните лични вредности, при тоа почитувајќи ги сите ставови и определби во општеството“, стои во соопштението.

Од здружението предлагаат овој тип на суштествени прашања во иднина да се стават на изјаснување од граѓаните преку разни демократски форми, како што е референдумот.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk