„За наше Куманово“ во петок ќе одржи трибина во Центарот за култура

14.12.2022 19:52 | Оливера Пешевска

Во Центарот за култура „Трајо Прокопиев“ во Куманово, во петок со почеток во 19 часот, трибина ќе одржи здружението на граѓани „За наше Куманово“.  На трибината ќе говорат претседателот Даниел Стојчевски и градоначалникот на општина Куманово, Максим Димитриевски.

„За наше Куманово“ во петок ќе одржи трибина во Центарот за култура

„На трибината ќе бидат презентирани и прикажани сите активности кои што во изминатиот период ги имаше граѓанското здружение, но ќе бидат презентирани и идните наши заложби и програмски определби кои што здружението ќе ги преземе во текот на наредната година. Сакам да ја искористам ова прилика сите заинтересирани кои сакаат да слушнат за работењето на здружението да ги поканам да присуствуваат на трибината“, изјави Стојчевски на денешната прес-конференција.

 

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk