За неплаќачите на радиодифузна такса присилна наплата

11.07.2011 13:26 | KumanovoNews

 Од Управата за јавни приходи апелираат до граѓаните кои не ја платиле радиодифузна такса тоа да го сторат во најскоро време, бидејќи ќе отпочнат со присилна наплата на нивните долгови.

За неплаќачите на радиодифузна такса присилна наплата

 Од управта информираат дека плаќањето на радиодифузната такса се врши најдоцна до 15-ти во месецот за претходниот месец, а во случај на задоцнето плаќање надвор од законскиот рок, се пресметува камата од 0,03 отсто и тоа за секој ден задоцнување. Граѓаните и фирмите можат по сопствено изјаснување да извршат плаќање за повеќе месеци, односно за цела календарска година или пак да вршат плаќање со траен банкарски налог.


Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk