За невработените Бирото овозможува пракса

11.05.2012 08:39 | KumanovoNews

 Бирото за вработување спроведува активности кои се во интерес на невработените со цел тие полесно да се снајдат на пазарот на трудот.

За невработените Бирото овозможува пракса

На оглас се пријавуваат невработените и фирмите кои се заинтересирани за проектот, по што Бирото за вработување воспоставува контакт меѓу нив. Фирмите бираат на кој од потенцијалните кандидати ќе му понудат практична работа во рок од 3 месеци. За истиот период практикантите добиваат надомест преку Бирото за вработување.

Пасивни се невработените. Треба да бидат поажурни и да ги следат огласите, односно активно да ја бараат работата. Ако некој практикант се наметне и добро се покаже, тој може со работодавецот да заснова работен однос - вели Благе Јакимовски, раководител на Центар за вработување.

Тој додава дека за невработените се организираат бесплатни обуки по странски јазик, компјутери, сметководство и друго. Преку европските проекти се субвенционираат работодавци кои склучуваат договор на 3 или 6 месеци со обврска и потоа да го задржат работникот на работното место.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk