ЗА НИВ НЕМА ЗИМА !

20.12.2010 13:58 | KumanovoNews

 Мува не ги лази што ЕВН најави покачување на струјата за пет проценти, што зејтинот ,,скокна‘‘ од шеесет на деведесет денари, што Македонија нема море.

ЗА НИВ НЕМА ЗИМА !

 За овие двајца мурчовци нема  зима. Се истегнале на ова малку зимско сонце пред излогот на модниот бутик во длабок сон и не им пречи што температурите  паѓаат и до минус десет, ниту минувачите, ниту сообраќајната бучава по булеварот ,,Трета МУБ‘‘.  Мува не ги лази што ЕВН најави покачување на струјата за пет проценти, што зејтинот ,,скокна‘‘ од шеесет на деведесет денари, што Македонија нема море.

Се‘ им е полно и рамно од тука  до ,,Рајкове зграѓе‘‘. Од нивни, кучешки извори дознаваме дека ноќите им се денови а деновите ноќи. Како на нашите деца. Децата ноќеваат по кафулиња и дома се прибираат некаде на изгрејсонце, а нивните четириножни пријатели цела ноќ ги претресуваат контејнерите и сабајле мртви уморни клапнуваат таму кај што ќе стигнат. Што ли сонуваат вака убаво истегнати? Веројатно полни контејнери со леб и мрсни коски. Пусти соништа. Одамна по нашите контејнери нема мрсно. Само исслужена пластика и стари, искинати дреи. Тешки некои времиња дојдоа и за луѓето и за кучињата. Но, здравје! Та нели по зимата иде лето, по лошото - арно?.  

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk