За новогодишната ноќ нападнати 4 лица во Гиновци, други поголеми прекршоци не се регистрирани

02.01.2024 15:06 | Оливера Пешевска

Мирно, без поголеми инциденти и прекршување на јавниот ред и мир поминале новогодишните празници, информираат од СВР Куманово.

За новогодишната ноќ нападнати 4 лица во Гиновци, други поголеми прекршоци не се регистрирани

За време на  новогодишната ноќ  физички биле нападнати  4 лица во село Гиновци, Ранковце, а регистрирани се и   уште 17 други настани.  

„ Новогодишната ноќ на подрачјето на СВР Куманово помина мирно. Регистрирани се 18 настани, а најкарактеристичен е физичкиот напад пред угостителски објект во село Гиновци каде четири лица биле нападнати со остар и тврд предмет. Исто така, од слобода било лишено едно лице за издржување на казна затвор и било спроведено во затворот Идризово, се случиле и три сообраќајни незгоди со телесни повреди, а не се регистрирани прекршоци“, соопштуваат од полицијата. 

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk