За пчеларите годинава не е медоносна?

03.07.2015 09:47 | KumanovoNews

Пчеларите прогнозираат дека оваа година поради временските услови,  нема да соберат многу мед.

За пчеларите годинава не е медоносна?

Велат дека последниве 15 дена сувото време со ветер не беше поволно за пчелите.

За нас ударни се мај и јуни, и во тие месеци додека цути багремот и чалијата, треба времето да ни се погоди. Сега очекуваме шумскиот мед да не „извади од кал“ - вели Бранко Тасевски, претседател на пчеларско здружение „Пчела“.

Тасевски вели дека при крајот на јули пчеларите ќе ги сумираат резултатите и ќе знаат колку мед собрале по кошница, дали е годината медоносна или не.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk