За пет часа казнети 74 возачи за пребрзо возење

23.08.2021 07:10 | Сузана Николиќ

Полициски службеници од СВР Куманово, вчера во периодот од 15 до 20 часот, спроведоа засилена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваaт возило со брзина поголема од пропишаната. На територија на СВР Куманово, која го покрива Североисточниот регион,  се санкционирани 74 возачи.

За пет часа казнети 74 возачи за пребрзо возење

„Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта“, соопштува МВР.

 

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk