Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
На родителите ќе им требаат околу 2000 денари за подготовка на прваче за на училиште, потврдуваат од книжарница од Куманово.
Во оваа сума ги вклучуваат ранецот и неопходниот училишен прибор, без работни листови кои дополнително ќе треба да ги купат. Од книжарниците велат дека дел првачиња веќе се подготвени за да тргнат на училиште, а дел чекаат по 1 септември наеднаш да купат се што им е потребно, откако ќе добијат инструкции на училиште.
Ранците чинат од 650 па до 3000 денари. На правчињата им купуваат тетратки, моливи, линијари, гуми. Ако не купуваат од најсакапите ранци, за да опремат прваче за на училиште на родителите ќе им требаат околу 2000-3000 денари. Овие денови ќе има повеќе купувачи од вообичаено - велат во книжарница.
Од друга книжарница велат дека се зависи од буџетот на родителите и колку планираат да потрошат.
Ранци има од 300-400 денари, па до 1500 денари. Зависи што ќе купат. Ако купат поефтин ранец, за приборот ќе им бидат потребни уште 600 или 700 денари - додаваат од друга книжарница.
Оттаму велат дека поголем метеж има во книжарниците во центарот на градот, а училишен прибор и ранци има во маркети, продавници, пазари каде исто така родителите купуваат.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk