Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Заврши електронската аукција на дел од хотелите Кристал, Ку-ба и Куманово, кои се имот на АД „Бисерка“ во стечај.
Стечајниот управник Ацо Петров, вели дека за пакетот на хотел „Кристал“ највисоката понуда е 46,5 милиони денари или 84,24 проценти од проценетата вредност на имотот.
"На продажба се ставени само подрумот и приземниот дел на хотелот, кои се пренесени на име на АД Бисерка, додека останатиот дел уште не е прокнижен иако има правосилна пресуда.
За некогашниот хотел „Куманово“ достигна е цена од 20.5 милиони денари или 84 отсто од проценетиот имот. Во овој објект се продава само приземјето, бидејќи катот бил продатен од УЈП уште пред десетина години.
За помошните простории на хотел Ку-Ба, кои некогаш се користеле како соблекувална на отворениот базен, највисоката понуда е 2,6 милиони денари или 82 отсто од вредноста на имотот.
Имаме квалитени понуди, кои треба да ги разгледа Собранието на доверители, кое дополнително ќе се закаже, по што ќе се знае конечната одлука за продажбата“, вели Петров за Кумановоњуз.
Овој имот веќе еднаш бил на продажба, но понудата не била прифатлива за доврителите.
Останатиот имот на Кристал и Ку-ба, ќе се продава дополнително.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk