За половина час наврнале 20 литри дожд на метар квадратен

08.06.2017 09:20 | KumanovoNews

Во синоќешното невреме што го зафати кумановско за половина час наврнале 20 литри на метар квадратен дожд, соопштуваат од Регионалниот центар за управување со кризи во Куманово.

За половина час наврнале 20 литри дожд на метар квадратен

Поројниот дожд проследен со ветер и силни електрични празнења започна по 23 часот, а траше до пред полноќ. Невремето го зафати градот Куманово и околкните села, Лопате, Опае, Режановце и дел од Липковско. Во ЦУК нема пријавено штети од граѓаните, водостојот на реките е минимално зголемен, а за среќа немало град.

Од Управата за хидрометеоролошки работи соопштуваат дека во изминатите 24 часа во Куманово наврнале 13 литри на метар квадратен дожд. Од посилно невреме околу 22 часот биле зафатени Велес и Св.Николе, а потоа се преместило кон Кумановско-Липковскиот регион и во доцните ноќни часови кон североисточниот дел од земјава.

Времето до крајот на денот ќе биде променливо облачно, во јужните делови нестабилно со локален пороен дожд и грмежи. Во текот на денот облачноста ќе се намалува. Ќе дува умерен, долж Повардарието засилен северен ветер. Максимална температура од 22 до 29 степени. УВ=7

Утре и во сабота времето ќе биде стабилно со благ пораст на дневната температура. Преодно наоблачување со слаб дожд, но со засилен северен ветер и благ пад на дневната температура ќе има во недела.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk