За празниците казнети 285 кумановци - не носеле заштитни маски

04.05.2021 19:57 | KumanovoNews

 Двеста осумдесет и пет граѓани на Куманово ќе платат парична казна затоа што не ја почитувале уредбата за носење на заштитна маска на јавен простор во изминати 4 дена.

За празниците казнети 285 кумановци - не носеле заштитни маски

Според статистиката на МВР за периодот (30.04/04.05.2021), по однос на Уредбата за задолжително носење заштита на лицето, евидентирано е дека на ниво на Секторот за внатрешни работи Куманово 415 лица не ја почитувалe.

Во Куманово 285, во Крива Паланка 72 и во Кратово 58 лица.  За сите ќе следуваат соодветни мерки.

За истиот период 17 лица не ја почитувале забраната за движење.


Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk