За празниците студено и суво време

30.12.2019 10:18 | KumanovoNews

Денес времето ќе биде умерено облачно, со максимална температура до 2 степени во попладневните часови, а во текот на вечерните и утринските часови температурата ќе падне на -1 степен.

За празниците студено и суво време

Во вторик, во утринските часови температурата ќе биде до -4 степени, додека пак во попладневните и вечерните часови ќе се искачи на -1 степен.

Во среда и четврток, времето ќе биде претежно сончево со максимална температура до 4 степени, а во текот на утринските и вечерните часови температурата ќе се движи помеѓу -1 и -2 степени.

Во петок, минималната температура наутро и навечер ќе биде -3 степени, додека пак максималнатата 3 степени.

За време на викендот се очекува променливо време со сончеви периоди и умерено облачно време, со минимална температура до -1 и максимална до 2 степени.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk