За преименување на плоштадот ќе се гласа по Бадентер

08.10.2015 13:39 | KumanovoNews

За преименување на плоштадот, Советот со мнозинство присутни советници ќе носи одлука при што ќе води сметка за почитување на правилото за бадинтеровото мнозинство.

За преименување на плоштадот ќе се гласа по Бадентер

Тоа значи дека припадниците на етничките заедници, најмалку половина од присутените на седницата ќе треба да се произнесат позитивно за една таква одлука. Претседателот на Советот на општина Куманово, Максим Димитриевски вели дека советниците имаат право да предложат точка на дневен ред на која ќе се дискутира за промена на име на плоштад или улица, но смета дека градот има многу поважни проблеми.

Согласно деловникот нивното барање ќе биде испочитувано и на една од наредните седници оваа точка ќе биде ставена на изјаснување пред советниците. Првенствено дали тие се согласуваат за една таква точка да се расправа, за тоа одлучува мнозинството во Советот. Сакам да искажам големо лично незадоволство бидејќи Куманово е град кој се дави во проблеми од секаков аспект. Во моментот можеби едно од најмалку важни прашања е како се вика нашиот плоштад, или одредена улица. За жал ние имаме голем број на улици кои се уште немаат имиња ниту пак имаат броеви, тоа се многу сериозни проблеми, за останатите комунални проблеми, за она што значи континуриана блокада од централната власт, овие години ги чувствуваме сите - вели Димитриевски.

Самата иницијатива отвора една пандорина кутија во делот на она што значи и на кој начин функционира мултиетничкиот соживот во Куманово., додаде претседателот на Советот кој смета дека по примерот на ВМРО-ДПМНЕ и другите етнички заедници можат да поднесат иницијативи за преименување на улици во општина Куманово.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk