Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Казна затвор од една до пет години може да заработи секој граѓанин, кој неовластено изработува, држи или продава оружје или распрскувачки матерјали, потсетуваат од Кумановската полиција во пресрет на новогодишните и божиќни празници.
„Ако предметот на делото од став 1 е поголемо количество на огнено оружје, муниција или експлозивни материи, сторителот ќе се казни со најмалку 5 години. Исто така за неовластено пукање од огнено оружје, употреба на пиротехнички средства или сличен експлозивен матерјал и го нарушува јавниот ред и безбедноста на граѓаните ќе му се изрече глоба од 200 до 500 евра. Ротителите чие дете изврши прекршок од овој закон ќе му се изрече глоба од 600 до 800 евра “, - соопштуваат од СВР Куманово.
Од Полицијата апелираат до родителите и образовните институции да вршат поголема контрола над децата да не употребуваат пиротехнички средства, не само поради високите казни туку и поради опасноста oд самоповредување или да повредат друго лице додека ги користат.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk