За продажба на петарди до 10 години затвор, за употреба до 500 евра казна

20.12.2018 13:18 | KumanovoNews

Казна затвор од една до 10 години може да заработи секој граѓанин, кој неовластено изработува, држи или продава оружје или распрскувачки матерјали, потсетуваат од Кумановската полиција во пресрет на новогодишните и божиќни празници.

За продажба на петарди до 10 години затвор, за употреба до 500 евра казна

Во пресрет на Новогодишните и божиќните празници кога има појава на продажба на пиротехнички средства  и употреба на пиротехнички средства-петарди од страна на граѓаните особено на малолетни лица, СВР Куманово апелира до граѓаните, родителите, образовните институции и учениците, дека недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи е кривично дело и се казни со затвор oд една до десет години.

Исто така неовластено пукање од огнено оружје, употреба на пиротехнички средства или сличен експлозивен материјал, е санкционирано како прекршок за кој се изрекува глоба во износ од 200 до 500 евра.

 Апелираме до граѓаните да ги почитуваат законските прописи и да соработуваат со полицијата  доколку забележат лица кои продаваат пиротехнички сретства да ги пријават  на полициски службеници лично или на бесплатниот телефонски број 192. Апелираме до малолетниците да не употребуваат петарди, бидејки тие претставуваат опасност за нивното здравје, до родителите и старателите да имат поголема контрола над  малолетниците во врска со употребата на пиротехничките средства – петарди, не само поради санкциите врз основа на членот 34 од ЗППЈРМ за кој прекршок се изрекува глоба во износ од 200 до 500 евра, туку пред се поради опасноста што  може да  повредат друг  или да се самоповредат, - соопштуваат од Кумановската полиција.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk