Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Кандидатот за градоначалник на Куманово од СДСМ, Оливер Илиевски, на средбата со жителите од населбата „Гоце Делчев“, најави повеќе капиталните проекти кои се однесуваат на модернизирање на градското подрачје и урбанизација на секоја од населбите поединечно.
Проект - „Мој еколог“ го смета за носечки и со него се предвидува за 4 години Куманово да биде чист и зелен град, со паркови и урбани катчиња во секоја населба.
„Зелената агенда е на сила, а менаџмент по квартови е нашиот нов концепт за одржување на зелените површини. Реализацијата на ова решение ќе се одвива во 5 фази. Ќе започнуваме од „Гоце Делчев“, па потоа ќе се спроведува и во другите населби: „Центар“, „Трета МУБ“, „Бајрам Шабани“, „Тоде Мендол“, „11 Октомври“ и „11 Ноември“. До крајот на оваа година Куманово да ја започне својата трансформација. Ние знаеме како и умееме како. Заедно со тим на еколози и архитекти ја исцртуваме секоја населба, која ќе биде поделена на квартови. Ќе има вработени еколози кои ќе се грижат за чистење и оддржување на зелените површини. Секој слободен квадрат ќе биде модерно уреден, раззеленет и континуирано оддржуван. Со ова системско решение го напуштаме старото кампањско оддржување и негрижата за животната средина и се насочуваме кон зелен град и едно поубаво место за живеење. Нашата идеја е - за секој квадрат нов бетон, двојно повеќе зеленило. Оваа зелена агенда е дел од нашата макро програма за целиот град“, кажа Илиевски пред граѓаните на „Гоце Делчев“.
Тој кажа дека се планира реконструкција и асфалтирање на улиците Лесковачка, Никшиќка, Тоде Думба, Кошеви, Титова Митровачка, да се изградат тротоари и хортикултурно да се уредат. Се предвидува и изградба на урбано катче, детско катче и мултифункционално игралиште.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk