За шест саати казнети 113 возачи во Куманово, 43 возеле без дозвола

10.06.2024 08:35 | KumanovoNews

Казнети се 113 возачи на автомобили и мотоцикли, кои не ги почитувале сообраќајните правила и прописи на улиците и патиштата во Куманово.

За шест саати казнети 113 возачи во Куманово, 43 возеле без дозвола

Во текот на вчерашниот ден /09. јуни/ во периодот од 14.00 до 20.00 часот Секторот за сообраќајни работи при Одделот за униформирана полиција, Биро за јавна безбедност и Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата, спроведоа акциска контрола на територија на Куманово, за санкционирање на возачи кои не ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.

„При контролата санкционирани се 113 возачи, од кои 43 за возење без возачка дозвола, три санкции поради измината важност на сообраќајната дозвола, 26 мерки за некористење заштитна кацига при возење мотоцикл... На сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци. Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта“, соопшти МВР.

 

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk