За викенд казнети 142 возачи - 28 возеле во алкохолизирана состојба

22.05.2023 13:16 | Сузана Николиќ

Полициски службеници од СВР Куманово викендов спроведоа акциска контрола за санкционирање на возачи кои не ги почитуваат сообраќајните прописи.

За викенд казнети 142 возачи - 28 возеле во алкохолизирана состојба

„Притоа на подрачјето на Куманово санкционирани се вкупно 142 возачи, од кои 90 управувале возило со брзина поголема од пропишаната, 28 санкции за возачи кои управувале возило под дејство на алкохол, 13 за управување возило без возачка дозвола, 8 за престигнување и 3 за нерегистрирано возило“, соопштуваат од полицијата. 

Оттаму најавуваат дека сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови и апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, за да се зголеми безбедноста во сообраќајот.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk