Викендов казнети 282 возачи во Куманово, 254 возеле брзо

24.04.2023 11:08 | Сузана Николиќ

Полициски службеници од Куманово викендов спроведоа акциска контрола за откривање на возачи кои не ги почитуваат сообраќајните прописи.

Викендов казнети 282 возачи во Куманово, 254 возеле брзо

„При тоа на подрачјето на Куманово санкционирани се вкупно 282 возачи, од кои 254 управувале возило со брзина поголема од пропишаната, 21 санкции за возачи кои управувале возило под дејство на алкохол, 7 за управување возило без возачка дозвола“, соопшти Кумановската полиција

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.
 

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk