Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Полициски службеници од СВР Куманово, викендов спроведоа акциска контрола за санкционирање на возачи кои не ги почитуваат сообраќајните прописи. Притоа на подрачјето на Куманово санкционирани се вкупно 42 возачи.
„Од нив, 23 управувале возило со брзина поголема од пропишаната, 4 санкции се изречени за возачи кои управувале возило под дејство на алкохол, 14 за управување возило без возачка дозвола и 1 за нерегистрирани возила. Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта“, соопшти Кумановската полиција.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk