За викенд пороен дожд и пад на темпeратурите

06.07.2018 12:26 | KumanovoNews

 Денес попладне и кон крајот на денот, особено во планинските региони ќе има изолирана појава на пороен дожд и грмежи. Услови за нестабилност ќе има и во скопскиот регион.

За викенд пороен дожд и пад на темпeратурите

Преку ноќта облачноста ќе се зголемува и претежно на истокот ќе има краткотраен дожд.

Утре наутро во северните и источните делови ќе има повремен дожд проследен со ретки грмежи. Во текот на денот на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. Локално се можни поинтензивни процеси со пообилни врнежи од дожд и со услови за појава на град.

Утре, а особено во недела ќе дува умерен, повремено засилен северен ветер, кој ќе предизвика опаѓање на температурите за по неколку степени.

Во недела и понеделник ќе има повремен локален дожд со ретки грмежи.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk