За викендот казнети 237 возачи на подрачјето на СВР Куманово

20.03.2023 14:54 | Оливера Пешевска

Засилени акциски контроли на припадниците на СВР Куманово беа спроведени викендов за санкционирање на возачи кои не ги почитуваат сообраќајните прописи.

За викендот казнети 237 возачи на подрачјето на СВР Куманово

„На подрачјето на СВР Куманово санкционирани се вкупно 237 возачи од кои 188 управувале возило со брзина поголема од пропишаната, 25 санкции за возачи кои управувале возило под дејство на алкохол, 20 за управување возило без возачка дозвола и 4 за нерегистрирано возило“, соопштуваат од полицијата.

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk