Забелешките за стратегијата за мигранти ВМРО-ДПМНЕ да ги достави во МТСП, порача Арсиќ

16.08.2017 09:33 | KumanovoNews

Советниците на ВМРО-ДПМНЕ не поднеле барање за свикување на итна седница во Советот на Општина Куманово, откако преку медиумите побараа да расправаат за стратегијата за мигранти.

Забелешките за стратегијата за мигранти ВМРО-ДПМНЕ да ги достави во МТСП, порача Арсиќ

„Нема оправданост за свикување на итна седница, бидејќи таква не постои во деловникот за работа на советот, а сите забелешки во однос на стратегијата граѓаните и политичарите можат да ги достават до Министерството за труд и социјална политика(МТСП). Воедно ве исвестувам дека редовната седница која ќе се одржи на 30 август, секој советник има право дневниот ред да го надополни со нова точка, за кој смета дека треба да се расправа“, - одговори претседателот на советот Александар Арсиќ.

Арсиќ објасни дека нацрт стратегијата е продолжение на она што владата на ВМРО-ДПМНЕ го започнала во 2015 година, а во неа не е предвидено да се градат станови, кампови и да се издаваат државјанства на мигрантите.

Во кампот во Табановце моментно има 28 мигранти.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk