Забрана за камиони на патот Крива Паланка-Деве Баир

07.03.2015 10:01 | KumanovoNews

Забрана за движење на тешки товарни возила има на патниот правец Крива Паланка - Деве Баир, соопштуваат од Авто мото сојузот на Македонија.

Забрана за камиони на патот Крива Паланка-Деве Баир

 Сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози, наместа со остатоци од кашест снег.  Врнежи од снег со променлив интензитет се бележат во целата држава, освен во јужниот дел каде врнежите се од дожд и снег.

АМСМ  препорачува  внимателно  возење,  прилагодена  брзина  на  движење  и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Посебно внимание е потребно на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk