Зачестија инфарктите и мозочните удари

31.10.2013 12:17 | KumanovoNews

 По неколку пациенти дневно, со болки во градите и со главоболки побарале медицинска помош на одделенијата во Кумановската болница

Зачестија инфарктите и мозочните удари

Од почетокот на неделава 6 пациенти побарале медицинска помош поради болки во градите и 5 пациенти со мозочен удар. Лекарите велат дека во последно време кај младите зачестија инфарктите, а мозочните удари обично се јавуваат кај луѓето над 50 години.

Пациентите кои се пожалија на градна болка се пренесени во Општа болница и не можеме да бидеме сигурни дали се работи за инфаркт или некоја минлива состојба. Загрижувачки е што се тоа помлади пациенти кои претходно немале некои здравствени проблеми. Причината за почести инфаркти најверојтано е стрес. За мозочни удари може да влијаат и временските услови - вели Милена Спасовска, општ лекар во Брза помош.

Таа објаснува дека и наследниот фактор, неземањето на терапија, пушењето, лошата исхрана можат да доведат до појава на инфаркт.

Од Општа болница Куманово информираат дека неделава на интерното одделение регистрирале тројца пациенти со инфаркти, а на невролошкото одделение  со мозочен удар се примени 5 пациенти од кои еден е хоспитализиран, а  4 се пратени дома.  Тие нега ќе добиваат од домашна посета.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk