Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Даночните обврзници кои од годишни преминуваат во тримесечни ддв обврзници мора задолжително да се регистрираат во системот на е - даноци.
Управата за јавни приходи на сите годишни ддв обврзници кои од 1 јули 2014 година преминуваат во тримесечни ддв обврзници ќе им достави „Решение за измена на даночен период за ддв“. За прв даночен период во 2014 година, ќе се смета периодот од 1 јануари до 30 јуни 2014 година за кој оваа категорија на ддв обврзници ќе треба да поднесат ддв-04 пријава преку е-даноци и да извршат плаќање на ддв-обврската најдоцна до 25 јули 2014 година-соопштуваат од УЈП.
Според последните податоци на УЈП, од вкупно 10.793 годишни ддв обврзници кои од наредниот месец ќе преминат во тримесечни ддв обврзници, 444 сеуште ја немаат исполнето обврската за регистрација на системот за електронско пријавување на ддв преку системот е-даноци.
Овие обврзници треба да преземат чекори и навремено да се регистрираат на е-даноци, во спротивно нема да бидат во можност да ги следат законските рокови за пријавување на ддв.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk