Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Во тек е реконструкција и опремување на задружниот дом во село Пчиња, кој ќе се користи како туристичко-промотивен центар на Бислимската Клисура.
„Објектот од 200 м2 кој беше руиниран, а кој треба да прерасне во туристичко-промотивен центар на Бислимската Клисура, како дел од проектот Светлина од минатото кој се имплементира преку Центарот за развој на Североисточниот плански регион во партнерство со Историски Музеј – Дупница, по програмата за прекугранична соработка со Република Бугарија, заедно со ЕУ и Министерство за локална самоуправа“, вели градоначалникот Максим Димитриевски.
На приземјето ќе се сместат инфо центарот за посетители (мапи за движење низ клисурата, информации за туристички услуги кои се нудат), галериски простор за презентација на културно и природно наследство, додека на катот се наоѓаат 2 канцеларии - администритативен простор на објектот.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk