Заедно седеле и пиеле, а потоа се степале

10.04.2019 18:06 | KumanovoNews

Едно лице се здобило со потешки поврди откако го истепал човек со кого предходно седел и пиеле алкохол.

Заедно седеле и пиеле, а потоа се степале

П.В. (31) од с.Јурумлери, скопско, се здобил со повредите во населба Карпош во Куманово, при физички напад од страна на Р.С.(22) од Куманово, со кого, неколку пати физички се пресметале, а претходно заедно со уште неколку лица конзумирале алкохол.

Повредениот бил пренесен во Кумановската болница, а потоа бил префрлен во комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.

 Р.С. бил приведен во полициска станица и против него е поднесена кривична пријава поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „тешка телесна повреда“, а од судија на претходна постапка му бил одреден притвор во траење од 30 дена.

Случајот во полиција го пријавиле лекарите.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk