„Заедно за безбедно лето“ на Градскиот плоштад

05.07.2019 08:47 | KumanovoNews

На Градскиот плоштад во Куманово, денеска во 18 часот, СВР Куманово и Општински совет за безбедност во сообраќајот на патиштата, организираат сообраќајно-едукативен натпревар  „Заедно за безбедно лето“.

„Заедно за безбедно лето“ на Градскиот плоштад

Настанот е посветена на безбедноста на младите во сообраќајот и поголема сообраќајна култура на сите учесници во сообраќајот. Ќе биде поставен полигон раскрсница, а учениците ќе возат велосипеди и ќе пишуваат пораки за безбедност кои ќе бидат поставени на видни места во гардот, - соопштуваат организаторите.

На најдобрите екипи ќе бидат доделени пехари и дипломи.

(фото. архива)

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk