Заев ќе врачи книшки на 500 нови членови

05.11.2013 15:10 | KumanovoNews

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев утре ќе врачи партиски книшки на 500 нови членови кои пристапиле во партијата во последниве шест месеци.

Заев ќе врачи книшки на 500 нови членови

Од СДСМ велат дека се работи претежно за млади луѓе кои ќе внесат свежина во партиските редови.

Со ова ќе покажеме дека стануваме уште побројни и дека во партијата влегува нова свежина - млади и досега партиски неопределени луѓе. Тоа е доказ дека најголемата опозициска партија се зголемува, народот го покажува незадоволството од режимот на власта. Затоа ги повикуваме сите, и оние кои тој ден ќе станат членови да присуствуваат во големата сала на зградата на поранешен комитет - изјави Мартин Костовски, претседател на СДСМ Куманово.

На настанот ќе присуствуваат и сите потпретседатели на СДСМ, а ќе биде презентирана и програмата на партијата која предвидува враќање на средната класа и намалување на даноците. Промоцијата ќе се одржи во големата сала на зградата на Комитет во 17.30 часот.

По повод престојниот празник на градот 11 Ноември, СДСМ во четврток во 18 часот организира трибина на тема “Слободно Куманово“.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk