Заев и Брнабиќ утре ќе отворат интегриран граничен премин

25.08.2019 18:45 | KumanovoNews

 Премиерите на Македонија и Србија, Зоран Заев и Ана Брнабиќ, утре (понеделник)утре ќе го означат почетокот на работата на заедничко гранично управување помеѓу двете земји.

Заев и Брнабиќ утре ќе отворат интегриран граничен премин

Концептот на заеднички гранични контроли и гранични контроли со едно застанување (One-stop shop) значи поедноставени постапки и побрз проток на луѓе и стоки.

Возилата што доаѓат од Србија ќе се контролираат на Табановце, а оние што излегуваат од Македонија на Прешево.

Со овој проект, полициските, царинските, ветеринарните, санитарните и сите останати контроли за патници и стока на Македонија и Србија се спојуваат во една служба , со што времето на чекање за влез или излез на патници и стока од двете држави ќе се скусува на пола.

Српската премиерка со оваа активност ја почнува официјалната посета на државава.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk