Заев ја повика опозицијата да го поддржи референдумот

30.07.2018 11:27 | KumanovoNews

Премиерот Зоран Заев денеска од Куманово ја повика опозицијата да ја подржи иницијативата за одржување на референдум, и да ги повика граѓаните масовно да излезат на гласање, за да не испушти историсктата шанса Македонија да биде дел од големото европско семејтво и успешно да ги заврши евроинтегративните процеси.

Заев ја повика опозицијата да го поддржи референдумот

„Знам дека референдумот ќе биде консултативен и уште еднаш само ја користам приликата да ја повикам опозицијата навистина да се вклучи, и да повика на гласање за да можат граѓаните да излезат масовно и да го искажат својот став. Знаете дека ова е историска одлука не само затоа што е референдумска туку затоа што преку неа се дефинира иднината на нашата Република Македонија. Од тој аспект сите сме должни како чинители на ова општество, како луѓе кои не поставиле граѓаните, да овозможиме максимални услови за доволно да биде мотивиран нашиот народ да излезе да гласа и да даде, поддршка за конечно овие 27 годишни аспирации на нашата земја, а тоа е членството во НАТО и ЕУ, да го заокружиме. Јас сум убеден дека сме на вистинскиот пат и знам дека ќе успее Македонија, - изјави Заев во Куманово на отпочнување на изградбата на училишта спортска сала во основното училиште „Јероним Дерада“ во Черкеско село.  

Тој потврди дека референдумот треба да се одржи на 30 септемврии, како и тоа дека мнозинството на пратеници ќе стават свој потпис за отпочнување на иницијативата за распишување на референдумот.

„Прашањето е тоа што го објавивме „Дали сте за членство во ЕУ и НАТО преку подршка на договорот за помеѓу Република Македонија и Република Грција“, - додаде Заев.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk