Заев: Oсудувам секаков вид на насилство

04.03.2018 15:44 | KumanovoNews

Лидерот на СДСМ Зоран Заев го осуди насилството врз полицајката од висок функционер на ДУИ, пред неколку дена во Скопје.

Заев: Oсудувам секаков вид на насилство

„Она што го знам од државните институции и после разговорот на министерот со полицајката, осудувам секаков вид насилство, макар и вербално. Се работи за омаловажување, навредување и не се работи за некој физички контакт, но и за тоа е поднесено соодветна пријава  против лицето кое што тоа го направило. Денеска е прекрасен повод ние сме денеска тука со жените и тие ни даваат сила и храброст на нас мажите, тие треба да бидат повеќе заштитени од мажите во општеството. Секаков вид на насилство, па макар и вербално треба да се санкционира и казни во државата“, - изјави Заев во Куманово, по завршување на осмомартовскиот марш.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk