Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
СДСМ синоќа од трибина во Куманово, порача дека партијата е подготвена за престојните парламентарни избори, кои се закажани за 5. јуни.
„ Јавно упатувам порака до сите, СДСМ е подготвен за избори на 5 јуни за кои што сме убедени дека промените ќе се случат. Македонија е подготвена за промени, но на Македонија не и прва цел, опозицијата да ја промени власта, туку прва неприкосновена цел се кредибилни избори како гаранција за кредибилна и добра иднина на сите граѓани во Р. Македонија“,- рече Заев.
Но, при тоа истакна дека СДСМ ќе опстои до крај за да има регуларни, фер и демократски избори, и дека без прочистен Избирачки список и без регулација на медиумите нема да оди на избори.
Очекува ДИК да даде одговор дали процесот на проверка на Избирачкиот список е кредибилен и да дадат јасно соопштение и рокови по кои ќе се прочисти, како и да одговорат дали РМ за изборите на пети јуни ќе добие веродостоен, односно кредибилен избирачки список, - истакна лидерот на СДСМ.
Презентирајќи ја изборната програма пред кумановци, беше речено дека дури 65 одсто од неа се однесува на економската политика со која ќе се подобри стандардот на граѓаните и буџетот на државата.
На трибината зборуваше и претседателот на Комисијата за одбрана во СДСМ Максим Димитриевски, кој порача дека кумановци нема на оваа власт да и го заборават 9-ти мај.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk