Загадена е минералната вода вo Проевце

10.04.2017 10:42 | KumanovoNews

Небезбедна за пиење е природната минерална вода на изворите во селото Проевце, покажуваат анализите на Центарот за јавно здравје Скопје.

Загадена е минералната вода вo Проевце

Според резултатите минералната вода не одговара на стручните и законски прописи во однос на бактериолошката и физичко-хемиската исправност, бидејќи содржи зголемено присуство на фекални бактерии, олово и арсен.

„ Испитаниот примерок на водата не е безбеден за консумирање од страна на човекот. Сировата нехлорирана вода не одговара заради зголемен вкупен број на бактерии псевдомонас аерогиноза на 22 степани Целзиусови и 37 степени Целзиусови, како и наод на ентеробактериа-индикатор на фекално загадување на водата. Во однос на физичко-хемиските анализи примерокот е неисправен заради зголемена електоролитска спроводливост, зголемена содржина на олово и значително зголемена содржина на арсен, - стои во извештајот на ЦЈЗ.

Водата нема пестрициди, радиолошки и паразитски материи.

 Лекарите препорачува да се изврши деарсенификација и редовна дезинфекција на природната минералана вода, за да може да се користи за пиење.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk