Загина 19-годишно момче во сообраќајка на патот Куманово – Липково

19.06.2024 12:07 | KumanovoNews

Деветнаесетгодишно момче загина во сообраќајна несреќа откако со возило излета од регионалниот пат Куманово – Липково.

Загина 19-годишно момче во сообраќајка на патот Куманово – Липково

Според МВР, сообраќајката се случила вчера во 17.20 часот на регионалниот пат  Куманово – Липково, во с.Оризаре, липковско, кога патничко возило „опел зафира“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од Р.А. (21) од с.Никуштак, општина Липково, излетало од коловозот. 

„Во несреќата од здобиените повреди на местото починал сопатникот Р.А.(19) од с.Никуштак, а лекар од Здравствен дом Липково констатирал смрт. Возачот Р.А. се здобил со телесни повреди, констатирани во болницата во Куманово“, соопшти МВР. 

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Куманово. 

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk