Загина 21-годишен градежен работник од Кумановско

03.12.2024 16:02 | KumanovoNews

При извршување градежни работи на зграда во изградба на булевар „Гевгелија“ во Гевгелија, Б.Б.(21) од село Орашац, кумановско,  паднал и се здобил со тешки телесни повреди. 

Загина 21-годишен градежен работник од Кумановско

„Тој бил пренесен во болницата во Гевгелија, од каде поради сериозноста на повредите бил препратен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, каде што починал. За настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија, а увид на местото извршиле инспектор од Државен трудов инспекторат и екипа на ОВР Гевгелија“, соопшти МВР.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk